Сите неофицијални информации досега, а како и секогаш ги има многу, поврзани со наредната генерација од Galaxy S серијата од Samsung, го користеа името Galaxy S11. Ова е наредната бројка од ланските Galaxy S10, па се чини логично и најверојатно името кое ќе се користи.

Познатиот и најчесто во право Ice universe објави два кратки „твитови“ преку кои ја најавува можноста да телефоните го носат името Galaxy S20. Тој во една од објавите само го пишува името Galaxy S20, а во наредна истакнува „наредната година е 2020 и 20 е нов почеток“.

Иако се работи за Ice Universe кој важи за веродостоен „протекувач“ на информации, сепак поради тоа што само еднаш досега се споменува ова име, се остава можноста дека сепак не е сигурно дека ќе биде така.

Интересно е што во понови објави Ice universe продолжува да го користи името Galaxy S11, па тоа оди во прилог на тоа дека ни тој не е сигурен во можноста за промена на името.

Инаку, не би било толку чудно Samsung да се реши да наредните телефони од S серијата продолжи да ги именува Galaxy S20, S30 и така натаму. Нешто слично веќе прави со A серијата од средно високата класа, но кај овие телефони име почести надградби кои користат и бројки како 31.

Останува уште малку време до официјалното претставување на Galaxy S серијата за 2020 година, па сигурно ќе слушнеме уште неофицијални информации кои ќе покажат дали промената на името е нешто што треба да го очекуваме.

ИЗВОРTechRadar
ИЗВОР 2Android Authority
Претходна статијаНајдобриот подарок за празниците е љубов и среќа
Следна статијаКако да ја користите „picture-in-picture“ функцијата достапна од најновата верзија на Firefox
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.