Скопје, 19. декември 2019. Светот се поврзува најчесто кога луѓето и заедниците си пружаат рака едни на други. Еден пример за ова е прекрасната декемвриска приказна за желбата на Samsung да соработува заедно со СОС Детско село во Македонија. Како компанија од Јужна Кореја со глобален досег, Samsung направи соработка со СОС Детско село, кое има 118 национални асоцијации и тие го покажаа својот празничен дух преку инспиративен придонес на донирани производи и волонтерска работа – одличен пример за тоа како секој може да помогне и да го направи секојдневието на овие деца, кои се под заштитничките крилја на СОС Детско село, подобро и посреќно и кои имаат потреба од поддршка, помош и љубов од секој кој што има доволно желба да понуди помош.

Според СОС Детско село, мора да постои нешто што нѐ поврзува сите заедно со цел да го инспирираме светот и да ја создадеме иднината. Во овој празничен период од последниот месец од годината, тоа едно нешто и инспирација беа децата од СОС Детско село во Скопје. Тие се “горивото” кое ја движи желбата на Samsung да го промени светот и да ги збогати животите на луѓето, придонесувајќи кон општествениот напредок, чекор по чекор.

Ова е многу интересна соработка – две глобални и феноменални организации работат заедно за време на празниците барајќи инспирација да ја трансформираат иднината. Можеби тоа е заедничкиот дух и верувања кои ќе го постават темелот на збогатување на нашата галаксија во правењето добро и во носењето на промени. Она кое е важно е што ова ново и охрабрувачко поглавје се пишува во Македонија.

За СОС Детско село е одлично тоа што ги гледаат претставниците на Samsung во Скопје. Тие донираа есенцијални производи за СОС Детско село и одлучија да го посетат и видат од прва рака. Како показател на љубов, заедништво и среќа и како најголемиот подарок кој некој може да го добие за време на празниците, вработените на Samsung Македонија со голема желба го посетија селото и заедно го бојадисуваа детскиот двор. Размената на интересни играчки како подароци, прегратки, искрени животни совети, донација на производи и многу насмевки се дефинитивниот пример на успешната формула со една цел и исход – подобро секојдневие за сите ранливи граѓани во било која држава.

Ова е одличен пример за секоја компанија која може да направи многу со капка помош и што е најважно – желба да ја направи заедницата подобро место за секого и за оние на кои им треба малку охрабрување да се чувствуваат сакано, згрижено и ценето како и секој друг, подеднакво.

Претходна статијаApple наводно работи на развој на сопствени сателити преку кои би се поврзувале iPhone и другите уреди
Следна статијаGalaxy S20 почнува да се споменува како можно име за наредната генерација од S серијата