galaxynote67leak1

Најпопуларниот таблет/телефон во светот наскоро треба да ја доживее шестата генерација (бројката 6 дефинитивно ќе биде скокната), која ќе донесе неколку важни промени кои би требало да ја лансираат на самиот врв во класата. Спецификациите кои протекоа се дело на популарниот Evan Blass, кој последниве неколку години буквално нема згрешено при протекувањето на информации, па би можеле да ги земеме и како делумно официјални.

Најважната промена во однос на актуелниот модел, настрана помоќниот процесор секако, ќе биде тоа што Note 7 ќе се нуди ексклузивно со 64 GB внатрешен простор, плус micro SD слот за зголемување. Ова може да биде голема предност во однос на iPhone 6S Plus, телефон кој во основниот модел доаѓа со само 16 GB и нормално без слот за картичка, што е реално неприфатливо за класата. Со Note 7, корисниците сигурно нема да имаат проблем со снимање на Ultra HD видео или пак симнување на големи игри.

Дисплејот на Note 7 сепак ќе остане ист, со големина од 5,7 инчи и Quad HD резолуција (2560х1440 пиксели), што е се чини оптималната големина за таблет/телефон. Камерите ќе бидат исти како кај Galaxy S7 – назад 12 мегапиксели, напред 5 мегапиксели, а како и помалиот брат и Note 7 ќе биде водоотпорен и тоа со солиден IP68 рејтинг, што значи дека без проблем може да го внесете со вас кога ќе пливате и дури да сликнете некоја фотографија.

Evan Blass потврди и дека Note 7 ќе има скенер на ирисот на окото (како кај Lumia 950), кој би требало да понуди дополнителна заштита на читачот на отпечатоци на прсти на копчето – ова ќе биде првиот телефон кој ќе понуди двојна верификација.

Galaxy Note 7 ќе пристигне на почетокот на август, што е повеќе од еден месец предност пред новите iPhone-и, кои според најавите, не би требало да донесат огромни промен, барем од дизајнерска гледна точка. Ќе се нуди во три бои – црна, сребрена и сина.

Извор:  TechnoBuffalo, GSMArena, Forbes

Претходна статијаPickbox истовремено за целото семејство
Следна статијаAndroid N ќе добие редизајнирани копчиња за навигација?