Pickbox_price_HD_parallel_PR

Во овој месец, Pickbox ти донесува новитети и многу погодности, а тоа уште повеќе ќе го подобри твоето искуство на гледање серии. Заедно со промената на квалитетот на сликата, можноста за гледање на повеќе екрани во исто време, тука има и мала промена во цените.

Повеќе уреди во исто време

Главната новост што ја носи Pickbox е нешто супер за целото семејство. За една претплата на Pickbox, две лица на два различни уреда можат да ја гледаат серијата што ја сакаат. Тоа значи дека веќе нема битки околу тоа што и кога ќе се гледа, туку секој гледа што сака. За сите што имаат претплата на еден или на шест месеци, сериите истовремено можат да ги гледаат на два уреда. Сите што се претплатиле на една година, сериите и филмовите можат истовремено да ги гледаат на три уреди.

Повеќе ХД

Повеќе ХД никогаш нема да биде премногу, така што и Pickbox одлучи да внесе промени по тоа прашање. Иако досега на Pickbox можеше да гледаш одредени содржини на ХД, нив од сега ќе ги има уште повеќе. Во ХД од сега ќе можеш да гледаш филмови и анимирани приказни од „Дизни“, потоа филмови како „Ени Хол“, „Босоногата контеса“ и „Хоророт во Амитивил“, сериите „Црни едра“, „Ѕвездена капија: Атлантис“, „Фарго“, „Викинзи“, „Младиот врколак“, „Ѕвездена капија: Вселената“, „Младиот инспектор Морз“ и уште голем број серии за кои ќе те известуваме во иднина. Секако, ќе имаш и можност ексклузивно да ја гледаш третата сезона на серијата „Моќ“, продуцирана од  Фифти Сент и која на Pickbox доаѓа на 18.7., само 24 часа по американската премиера.

Нова цена на Pickbox

Ако си стар корисник на Pickbox од месец во месец, слободно не го читај овој дел зашто за тебе цената останува непроменета во наредната една година. Се разбира, и понатаму можеш да уживаш во благодатите на ХД и во истите уреди. Новите корисници на Pickbox во текот на еден месец и понатаму ќе плаќаат еднакво како и претходно. Шест месеци ќе ги чини 1.599 денари, а ако се одлучат на годишна претплата, која изнесува 2.999 денари, ќе заштедат 589 денари годишно. А тоа значи: повеќе месеци, помалку денари.

Претходна статијаЛери Пејџ вложува во летечки автомобили со години
Следна статијаGalaxy Note 7 ќе има 64 GB простор и IP68 водоотпорност