ASUS-ZenPad-S-8-0

Уште од времето кога го произведуваше Nexus 7 таблетот на Google, Asus важи како производител на квалитетни и истовремено достапни таблети. Сега, претставија четири нови модели опремени со Android оперативниот систем, од кои едниот е премиум модел со големина на екранот од 8 инчи и е прв во светот со 4 GB рам меморија во неговата класа.

Новите модели се протегаат од 7 инчи за најевтиниот модел, до 10,1 инчи за најголемиот, кој се нуди и со тастатура како опција. Измеѓу, два модели се опремени со екрани со 8 инчи, од кои премиум моделот има дисплеј со резолуција од 2048х1536 пиксели, исто како кај iPad Mini, што и не е чудно, бидејќи и името на новите таблети на Asus, многу наликува на она на Apple…

ASUS-ZenPad-S-8-0-1

Но, да ги оставиме муабетите за копирање настрана, бидејќи ZenPad S 8.0 Z580CA e високо квалитетен таблет, со супер тенко куќиште од 6,6 mm и тежина од само 298 грама и заслужува подобар третман. Опремен е со 64 – битен Atom Z3580 процесор на Intel, помогнат од 4 GB рам меморија, што треба да овозможи исклучително мазно искуство при работењето, со можност за работење со многу апликации истовремено. Адути во ракавот на овој ZenPad се и специјалниот Z Stylus, кој препознава многу степени на притисок и овозможува професионално цртање и пишување, директно на дисплејот на таблетот, како и стерео звучниците во предниот дел, кој треба да овозможат поквалитетно аудио искуство.

Повеќе информации за останатите модели од Asus се уште нема, но знаеме дека ќе има нови стилски и функционални футроли за таблетите, кои ќе имаат најразлични можности, како на пример футрола со дополнителна батерија, за 15 часа користење со едно полнење кај 8 инчните модели, односно футрола која ќе овозможи 5.1 Surround звук.

Извор: Asus, TechnoBuffalo

Претходна статијаAsus ZenFone Selfie, телефонот кој ветува најдобри селфи фотографии
Следна статијаWunderlist официјално во сопственост на Microsoft