Пазарот на смартфони се посилен станува во средната и средно високата класа. Уредите во овие класи нудат одлични карактеристики по цени кои сепак се во границите на „нормалата“, а недостатокот на карактеристики во споредба со највисоката класа е се помал.

Apple со своите уреди сигурно не може да се каже дека е баш присутен во оваа класа. Иако нивните постари модели се’ уште се продаваат по пониска цена, сепак конкурентите кои вадат нови модели во таа категорија се значително подобри.

Според кинескиот Economic Daily News, Apple планира претставување на „подновен“ iPhone 8 модел на почетокот од идната година. Овој модел би требало подобро да ја постави компанијата на пазарот од средната и средно високата класа, а и цената би била соодветно прилагодена, околу 650 долари.

Овој телефон би имал 4,7 инчен LCD екран со Full HD резолуција и со веќе застарените рамки околу екранот, како и физичкото „home“ копче. Би работел на понов процесор, A13, а ќе има и една камера на задната страна, како и простор за податоци од 128 GB.

Слободно може да се каже дека конкурентите од оваа класа претставуваат далеку подобри телефони, доколку оваа информација се покаже како точна. Тоа посебно ќе биде случајот кога ќе се земе во предвид дека овој модел би требало да биде претставен идната година дури.

Сепак, за фановите на Apple и нивниот оперативен систем, најавената цена сигурно ќе направи голема разлика, а кога на тоа ќе се додадат и одредените подобрувања, сигурни ќе има доволно купувачи.

Има доста време до идната година, па ќе видиме дали воопшто ова ќе се оствари, а и дали Apple во меѓувреме ќе се реши за различен дизајн и карактеристики.

ИЗВОРMacRumors
ИЗВОР 2DigiTimes
Претходна статија„Брз и мазен“ гласи најавата за новиот OnePlus 7
Следна статијаGoogle Chrome на десктоп конечно ќе добие вграден режим за читање
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.