YouTube оваа недела најави нова апликација на настан во Индија, која исто така е наменета за корисниците од оваа земја, како и други земји каде корисниците имаат послаб мобилен интернет.

Послаб мобилен интернет значи не толку добра брзина, но и мал месечен лимит кој на корисниците не им овозможува гледање на многу видеа преку YouTube.

За таа цел, YouTube Go на корисниците ќе им овозможи проверка на големината на видеото во мегабајти пред истото да го гледаат или зачуваат, зачувување на видеата за покасно гледање, како и споделување на видеа преку Bluetooth.

Со оглед на фактот што се’ уште голем дел од светот користи интернет во лоши услови, не е чудо што голем дел од напорите на ИТ компаниите е како подобро да дојдат до овие корисници.

Се развиваат вакви сервиси кои овозможуваат користење и покрај лошата интернет конекција, а со тоа добиваат и корисниците, но се разбира и компаниите чии сервиси се користат на повеќе места.

Дали YouTube Go ќе биде достапен во целиот свет, како и во Македонија, не е познато, меѓутоа не сме сигурни дека би бил потребен за нашите корисници.

Извор: YouTube Go, TNW

Претходна статијаАлгоритам може да ви го препознае пикселизираниот лик
Следна статијаНеодолива понуда со neoTV
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments