PayPal ќе почне да им нуди можност на своите корисници да плаќаат одложено, односно на 4 рати кои ќе се исплаќаат во рок од месец и половина. За овој начин на плаќање, на корисниците нема да им бидат наплатени камати, што значи ќе ја платат истата сума која би ја платиле со еднократно плаќање.

Оваа новина е замислена како предност и за двете страни, односно не само купувачите, а треба да добијат и продавачите со тоа што полесно ќе ги привлечат своите купувачи да купат нешто. Според PayPal, 56% од купувачите преферираат да купат нешто на рати, што може лесно да се преслика во повеќе продажби за продавниците кои ги нудат.

Продавачите веднаш ќе ја добијат целата сума од PayPal, а од компанијата потоа ќе ја наплаќаат од корисниците во периодот што следи.

Овој начин на плаќање на рати е сепак повеќе замислен за САД каде платата се исплаќа неделно, ако не сме нешто грешка, па рати во рок од 6 недели е нешто што прави разлика, додека кај нас ова реално би биле само 2 рати, ако се смета во однос на интервалот на исплата на примањата.

Секако, оваа новина не е достапна во Македонија, каде уште не може да се договори можноста за примање на пари преку PayPal.

Наплатата на ратите, по првата наплата, се прави автоматски, што значи дека корисниците не можат да ги заборават уплатите, а исто така не може да решат да ги избегнат.

ИЗВОРPayPal
Претходна статијаПет години гаранција на апаратите за домаќинство на Samsung
Следна статијаSamsung Galaxy Z Fold2 ги воведува сите барања од корисниците за одличен хибриден уред
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.