Shutterstock.com

Минатата година видовме сличен тест од Netflix, кога тестираа можност за вклучување на епизода по случаен избор од серијата што се гледа. Ова што сега го тестираат оди чекор понатаму и им овозможува на корисниците да пуштат нешто целосно по случаен избор.

Како што имаат забележано одредени корисници кај кои е пуштена новата функција, две нови копчиња се додадени, едното во делот каде се бира профилот, односно корисникот кој ќе гледа, а второто како дел од менито на лентата која се појавува на левата страна.

Според тоа што го кажуваат овие корисници, тестот барем го има само на Netflix на телевизор, но не и на мобилните апликации.

Ова дефинитивно е функција која сигурно на доста корисници ќе им се погоди одлично. Ако сте редовен корисник на Netflix сигурно има многу ситуации кога едноставно не знаете што наредно да гледате, а алгоритамот за предлози едноставно не ви помага.

Притискањето на копче кое ќе ви пушти некој филм или серија по случаен избор, може да е баш тоа што треба за да се открие нешто ново и интересно за гледање или едноставно да се скокне потребата од барање и да се отиде директно на опуштање пред телевизорот.

Дали и кога би била пуштена оваа функција не се знае, а како и секогаш, тоа ќе зависи од како ќе биде прифатена од корисниците кои се дел од тестот. За разлика од таа од минатата година, оваа функција личи дека е многу покорисна, па се надеваме дека и останатите корисници позитивно ќе реагираат на неа.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаОдложени филмови што едвај чекам да ги гледам
Следна статијаInstagram почна да користи QR кодови за споделување на профилите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.