Netflix може да се каже дека веќе има доволно конкуренција за разлика до пред некоја година, па од компанијата очекувано е да се потрудат повеќе да го привлечат вниманието на корисниците кои уште се немаат одлучено да се претплатат на сервисот.

Прилично добар и веќе познат начин да се привлечат нови корисници е да им се овозможи да пробаат од производот, па иако Netflix им нуди на тие што првпат се приклучуваат проба од 7 дена, сепак доста од корисниците го имаат искористено овој период.

Преку посебна страна Netflix ќе им овозможи на тие без сметка од сервисот, бесплатно да гледаат дел од филмовите и сериите. Се што треба да се направи е да се отиде на оваа адреса https://www.netflix.com/watch-free и може да се почне да се гледа.

Сепак, има неколку ограничувања, а тоа е можност за гледање само на првата епизода од сериите, како и поддршка за гледање преку десктоп прелистувач или преку Android. Мобилниот прелистувач на iOS не е поддржан, а исто така оваа содржина не може да се гледа преку апликациите на Netflix.

Бројката на достапна содржина не е нешто посебно голема, но е доволна корисниците да видат што може да гледаат доколку се одлучат да се претплатат на сервисот. Дел од содржината ги вклучува серијата Stranger Things, филмовите Murder Mystery, Bird Box, како и The Two Popes.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Netflix
Претходна статијаФИТР: Презентација на 28 предлог – проекти за справување со климатски промени О2/2
Следна статијаTikTok „драмата“ може да заврши утре
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.