Shutterstock.com

Иднината на TikTok во САД, а можеби и во целиот свет, е во прашање поради тоа што апликацијата сигурно ќе биде блокирана од страна на американските власти. Единствено нешто што може да го промени овој исход е купувањето на сервисот од страна на некоја американска компанија, а досега најсериозен кандидат за истото е Microsoft.

Целата работа со потребата за забрана на овој сервис е дискутабилна, а излегоа и интересни тврдења дека иницијатор на истото бил Марк Закерберг од Facebook. Во меѓувреме поради случувањата отказ си даде новиот директор на TikTok, Кевин Маер, кој беше донесен во компанијата со големи надежи пред само 3 месеци.  

Покрај тоа што можевме да прочитаме и за други компании кои преговараат или се интересираат за TikTok, најновата информација кажува дека заедно со Microsoft, нови сопственици на сервисот ќе бидат Walmart, големиот ланец на маркети од САД.

Многу информации излегоа за целата оваа работа, па добро е што има најави дека до утре ќе има завршница. Според извори на CNBC, договор за продажба на TikTok од страна на ByteDance ќе биде објавен во текот на утрешниот ден.

Кој на крајот ќе го купи овој сервис, ќе биде интересно да се види, а посебно ќе привлече внимание реакцијата на кинеските власти кои веќе најавија дека нема да останат без реакција.

ИЗВОРCnet
Претходна статијаNetflix овозможи дел од својата содржина бесплатно за корисниците без сметка од сервисот
Следна статијаXiaomi ја претстави третата генерација од нивната технологија за камера под екранот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.