Изминативе неколку месеци можевме да прочитаме за два познати ransomware малициозни софтвери кои го нападнаа Windows оперативниот систем. WannCry, којшто помасовно беше проширен и успеа да направи одредена штета, како и Petya којшто сепак не предизвика поголеми последици.

Двата софтвери својата популарност ја добија најмногу поради кодот којшто го користат за пробивање на системот, кој е развиен од страна на американските власти.

Microsoft реши да нешто подобро ги заштити своите корисници од овој вид на малициозен софтвер со нова функција во Windows Defender, наречена Controlled folder access.

Фото: Engadget.com

Оваа нова функција, која моментално е достапна со најновата Preview верзија од Windows 10, ќе биде достапна за сите корисници од оваа есен, односно со Fall Creators Update за оперативниот систем.

Во основа, Controlled folder access го известува корисникот секогаш кога одредена апликација која не е одобрена сака да направи промена или да пристапи до податоците во заштитените папки. Стандардно заштитени се папките како Documents, Pictures, Desktop, Movies и слични, а корисниците ќе можат да изберат и додадат и други папки да бидат заштитени.

Функцијата исто така овозможува да се означи одредена апликација како позната, односно да и се даде пристап до заштитените папки, доколку поради која и да е причина е блокирана, а сепак корисникот и верува.

Новата функција ќе биде додадена во Virus & threat protection settings делот од Windows Defender Security Center и корисниците ќе треба сами да ја вклучат.

Познатите анти-вирусни програми веќе во главно имаат заштита од ransomware софтвер, но добро е што Microsoft ќе ја вгради оваа можност за корисниците кои сепак не користат вакви програми и решаваат да функционираат со вградената заштита на Windows 10.

Извор: Microsoft, Engadget

Претходна статијаSamsung Gear S4 ќе може да се полни преку футрола од Samsung смартфон
Следна статијаSamsung објави детали за двојната камера која ќе се вградува во Note 8
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.