WannaCry е еден од најпознатите „ransomware“ малициозни софтвери, а и во исто време најсериозни кои беа забележани изминатиот период. Од него беа зафатени голем број на Windows компјутери, меѓу кои и посериозни случаеви како во одредени болници во Британија и слично.

Овој малициозен софтвер исто така беше познат по тоа што неговите креатори имаат користено код од NSA, којшто наводно бил украден, а од агенцијата ги немаат информирано ИТ компаниите.

Според National Cyber Security Centre (NCSC), дел од британската GCHQ, зад развојот на WannaCry стои хакерската група Lazarus Group. Оваа група беше поврзана и за нападот на системите на Sony Pictures во 2014 година.

Lazarus Group уште од 2014 се поврзуваат со Северна Кореа, па и овој пат обвинувањата одат на адреса на оваа земја. Се разбира ваквите работи не можат конкретно да се поврзат со една земја и тоа точно да се знае, меѓутоа според анализите на кодот, начинот на употреба и слични параметри, се верува дека нападот доаѓа од оваа земја.

Штетата која што беше направена сепак не им донесе многу пари на креаторите на овој софтвер, но се верува и дека тоа не била главната цел.

Поради сериозноста на овој софтвер, Microsoft издаде закрпа со заштита од софтверот за веќе многу стариот Windows XP, а најмногу поради се’ уште големиот број на корисниците на овој систем.

Извор: Cnet, BGR

Претходна статијаПротекоа фотографии од стаклото на Galaxy Note 8 – ќе биде најимпресивниот смартфон годинава?
Следна статијаApple сака да го направи iPhone вашиот „здравствен асистент“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.