Развојот на Windows и Surface уредите повторно се враќа под водство на еден лидер, односно под еден сектор. Ваква беше ситуацијата долго време, а посебно доби на популарност кога тој сектор го водеше секогаш „возбудениот и мотивиран“ Панос Панај.

До промена дојде по ненадејното напуштање на компанијата од страна на Панај минатата година, кој сега е во Amazon, а не беше до крај јасно што ќе се случува по најавата на новиот Microsoft AI сектор под водство на Мустафа Сулејман, ко-основачот на Deep Mind.

Под овој нов сектор, кој одговара директно на Сатја Надела, влегоа Bing, Copilot и Edge, сектор кој го води Микаил Паракин. При најавата никаде не се спомена Windows, кој сепак беше во овој сектор.

Сега, а до информацијата доаѓаат од The Verge, Микаил Паракин изгледа ќе ја напушти компанијата, па во промените кои ќе следат дојде до промена и во поставеноста на развојот на Windows.

Со овие промени, Windows се враќа во секторот каде што се развиваат Surface уредите, односно под водство на Паван Давулури, кој ќе одговара директно на Раџеш Џа, главниот за „искуства и уреди“ во компанијата.

Причината поради која оваа вест е одлична е што досега се покажа како доста добро за Windows кога системот е развиван од страна на истиот сектор кој ги развива уредите од компанијата. Овие уреди се директно поврзани со оперативниот систем, а со години гледаме каков е резултатот на истото од страна на Apple.

Без разлика на овие промени, останува јасно дека Microsoft се претвора во компанија која развива вештачка интелигенција, па според некои тоа ќе им донесе слична вредност на пазарот како на Apple кога го претставија првиот iPhone.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2PCWorld
Претходна статијаСо NLB Smart POS нема веќе пропуштени шанси за продажба за трговците
Следна статијаДарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.