Samsung веќе подолго време е производител на сензори за камерите на паметните телефони, но и на сензори за „професионални“ фотоапарати, но сега тие веројатно ќе ја направат најновата офанзива на пазарот со ISOCELL дивизијата, која најавува модул со двојна камера за паметните телефони на производителот.

Оваа дивизија во Samsung работи на технологија која ќе овозможи светла, брза, тенка и двојна камера. Според информациите, двојната камера ќе користи два големи сензори со 13 мегапиксели, од кои едниот ќе биде црно бел. Вградените леќи на овие камери пак ќе бидат подеднакви и ќе имаат f/2.0 бленда, комбинација која треба да овозможи чисти слики и во вечерни услови.

Комбинацијата на сензори погоре е онаа која ќе се вградува веројатно во новиот Galaxy Note 8, кој ќе биде претставен во август и кој скоро сигурно ќе има двојна камера.

Сепак, Samsung најави дека ISOCELL дивизијата ќе лансира и многу други, различни комбинации на двојни камери, веројатно со можности за зум како што има iPhone 7 Plus или пак селфи двојна камера која може да го оддели лицето од позадината, преку заматување итн.

Покрај тоа што новите ISOCELL камери на Samsung ќе овозможат многу повисок квалитет на фотографијата, како што пишува во податоците на Samsung, тие ќе бидат и многу брзи, што значи дека ќе овозможат фотографирање на многу слики одеднаш со големи брзини и супер брз автофокус, а ќе бидат и доволно тенки за да се вградат во се потенките паметни телефони.

Извор: TechnoBuffalo, GSMArena, BGR

Претходна статијаWindows 10 ќе има вградена заштита од ransomware преку Windows Defender
Следна статијаFacebook ја достигна бројката од 2 милијарди корисници месечно