Microsoft во најновата тест верзија од Windows 11 има вградено и код кој овозможува прикажување на реклами во File Explorer. Ова беше откриено од страна на корисник на оваа верзија, а според сликата што ја сподели, рекламата е за Microsoft производ и се прикажува како мала лента само со текст.

Со оглед дека производите од Microsoft во главно се плаќаат, корисниците сигурно не сакаат да гледаат реклами во нив, без разлика дали се работи за производи од самата компанија.

Ова секако не е првпат да Microsoft рекламира сопствени производи внатре во Windows, а и не се единствени, вакви практики имаат и Google и Apple.

По реакциите на корисниците од Microsoft излегоа со изјава преку која истакнуваат дека рекламите не биле планирани да бидат видени надвор од компанијата.

Оваа реакција покажува дека од компанијата се свесни за негативните реакции, па очигледно рекламите нема да станат дел од File Explorer, барем не веднаш.

Не треба да изненади ако во иднина се види по некоја реклама преку оваа апликација на системот, во одредени ситуации, како што беше примерот, прикажување реклама за Microsoft Editor кога корисникот ја отворил папката за документи.

ИЗВОРPCWorld
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаФИТР: Започнува воспоставување на „Фаб Лабс лаборатории за производство – младите создаваат“
Следна статијаARM планира да отпушти до 15% од своите вработени по откажувањето на договорот со Nvidia
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.