Со оглед на досегашното искуство со Microsoft, оваа вест воопшто нема да изненади, но навистина чуди што од компанијата не си ја учат лекцијата и покрај честите големи критики кога ќе направат вакво нешто.

Конкретно, во најновата Dev верзија од Windows 11, некои корисници имаат забележано реклама во File Explorer. Рекламата е дискретна и во текстуална форма само, а го промовира Microsoft Editor, конкурентниот производ на компанијата на познатите Grammarly.

Microsoft се посебно познати по ваквите работи, односно наметнување на одредени нивни производи во Windows, Office и слично, иако ова се платени производи, па нема потребна, логика, ниту оправдание да се прикажуваат реклами.

Работите во тестот не се толку „страшни“. Рекламата сепак е дискретна и се прикажува во делови од File Explorer каде има некаква логика, односно во примерот рекламата за Microsoft Editor се прикажува само кога ќе се отвори Documents папката.

Со оглед на честите критики кои ги добива компанијата кога прави вакви работи, може да се очекува дека оваа новина нема да стане дел од Windows 11 или ќе биде сепак нешто што ретко се прикажува, а сигурно нема да се користи за прикажување на класични реклами од разни компании.

ИЗВОРXDA Developers
Претходна статијаAndroid 12L ќе го видиме оваа година кај уредите од Samsung, Lenovo и Microsoft
Следна статијаКратко видео ја покажува првата тест верзија од Google Play Games за Windows 11
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.