По големото внимание кое го привлече Microsoft со нивната интеграција на Android апликации во Windows 11, преку Amazon App Store, во декември минатата година Google најави дека ќе ги донесе Android игрите на Windows.

Во јануари оваа година Google ја пушти и првата бета верзија од новата апликација, односно Google Play Games за Windows, но само во три земји, Хонгконг, Јужна Кореа и Тајван.

Сега кратко видео ни покажува како изгледа оваа апликација, иако не може да се види како изгледа самото играње. Тоа и не е толку важно, сигурни сме дека Google ќе ги „испегла“ сите потребни работи поврзани со перформансите, а сите знаеме како изгледаат игрите кои ги играме.

Видеото е објавено од страна на Twitter корисникот Mashaal Rahman и ни го дава првиот поглед на новата апликација од Google.

Одлуката на Google пушти една ваква апликација на Windows дојде до некаде и како изненадување. Со исклучок на Google Chrome и уште неколку, Google не се баш спремни да развиваат за нивниот конкурент, а тоа посебно дојде до израз кога Microsoft работеше на Windows Phone.

ИЗВОРAndroid Central
Претходна статијаMicrosoft тестира реклами за сопствени производи во File Explorer
Следна статијаНајави за поголема батерија кај наредната генерација на Galaxy Watch од Samsung
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments