Google Play Games, односно сите достапни игри на Android телефоните и таблет компјутерите, од идната година ќе им станат достапни и на корисниците на Windows. Оваа новина е најавена од страна на Google, иако засега нема повеќе детали за што и кога точно може да се очекува.

Во изјави за порталот The Verge, од компанијата најавуваат дека почнувајќи од 2022 корисниците ќе можат да ги играат своите омилени Google Play игри на повеќе уреди, како што се телефоните, таблет компјутерите, Chromebook лаптопите, а наскоро и на Windows компјутерите.

Според најавата, корисниците ќе можат да ги започнат своите игри на било кој уред и да ги продолжат на некој друг, односно играта која ја имаат играно на нивниот телефон, да ја продолжат на својот Windows компјутер.

Засега не е познато како Google ќе го имплементира ова свое решение, освен тоа дека се работи за апликација специјално развиена за Windows од страна на компанијата, без соработка со Microsoft или некоја друга компанија.

Исто така, се најавува дека апликацијата ќе функционира и на Windows 10, а не само на Windows 11, каде Microsoft веќе работи на достапност на Android апликации преку новиот Windows Subsystem for Android и со помош на Amazon Store.

Google очигледно нема да го користи овој подсистем и функционирањето на игрите нема да биде зависно од оваа функција која е достапна само на Windows 11. Најверојатно Google ќе направи некој нивни емулатор вграден во самата апликација.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статија9. издание на Студентска Конференција за Енергетска Ефикасност и Одржлив Развој – СКЕЕОР 2021 започнува во понеделник
Следна статијаПразнична магија во Ист Гејт Мол
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.