Shutterstock.com

ARM, компанијата која стои зад дизајнот на чиповите кои се користат кај мобилните уреди, а од преклани и кај Apple компјутерите, планира да отпушти голема бројка на вработени. Како главна причина за оваа одлука се истакнува пропаѓањето на договорот за купување на компанијата од страна на Nvidia за 40 милијарди долари.

Сопственикот на ARM, јапонската SoftBank, планира да го оствари планот Б кој вклучува јавна објава на акциите од компанијата, но се верува дека на тој начин не може да се дојде ни приближно до парите доколку поминеше договорот со Nvidia.

Според информациите, ARM ќе отпушти од 12 до 15% од своите вработени во светот, бројка која може да достигне 1000 од вкупната бројка од 6500 вработени. Најмногу ќе бидат погодени вработените во Британија и САД, од каде се планира најголемиот дел од отпуштањата.

Од тоа што може да се прочита, во компанијата има вработено повеќе работници од што е потребно, а доста работни места имале дуплирање на работна сила. Зошто од компанијата се имаат доведено во таква ситуација не е познато, па сега по откажувањето на продажбата веќе не може да се поднесат трошоците.

ARM продолжува со својата стандардна работа, како и со партнерството со Nvidia, а слободно може да се каже дека во овој момент нема доволно сериозна алтернатива за дизајните кои доаѓаат од оваа компанија.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2The Guardian
  • ОЗНАКИ
  • ARM
Претходна статијаРекламите во File Explorer не биле наменети да бидат видени од корисниците на тест верзијата од Windows 11
Следна статијаУслугата Garmin Pay отсега достапна и за корисниците на Visa картички на Халкбанк
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.