News and Interests е нов дел, поточно „виџет,“ кој е поставен на таскбарот од Windows 10. Кога е затворен се добива брз поглед на временската прогноза, а кога ќе се отвори корисниците добиваат можност да ги видат најновите вести од интересите кои ги следат, временската прогноза и слично.

Оваа новина веќе одреден период се тестира во Dev каналот од Windows Insider, а со оглед на тоа што овој канал не е поврзан директно со наредна верзија од Windows 10, не беше познато кога може да се очекува за сите корисници. Поради тоа се веруваше дека ова е една од новините кои ќе бидат претставени со уште неофицијалната поголема надградба на Windows 10 која се очекува оваа есен.

Сепак, со пуштањето на функцијата во Beta и Release Preview верзиите од Windows Insider, кои се поврзани со наредна верзија од Windows 10, стана јасно дека News and Interests ќе стане достапна за сите корисници од наредната верзија од оперативниот систем. Наредната верзија е 21H1, а се очекува да биде пуштена идниот месец.

Според информациите, оваа функција ќе ја добијат и постари верзии од Windows 10 кои уште имаат поддршка, а не само 21H1.

Не е чудно што испадна дека оваа функција ќе стане достапна порано од есенската надградба. За таа надградба се најавуваат повеќе новини поврзани со корисничкиот интерфејс, па News and Interests може слободно да се гледа како помала новина неповрзана со тоа.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаРецензија Huawei FreeBuds 4i – квалитетни слушалки достапни за секого
Следна статијаМакедонската IT компанија Aitonix го проширува своето портфолио со гигантот за сајбер-заштита Acronis
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.