Microsoft официјално го потврди името и видот на наредната надградба на Windows 10. Како што се очекуваше врз основа на неофицијалните информации, оваа година првата надградба ќе биде помалата, што значи дека нема да донесе некои поголеми новини, а и ќе се инсталира брзо како и месечните надградби.

Официјалното име на надградбата ќе биде Windows 10 21H1, а може да се очекува во првата половина на оваа година, односно во мај или јуни. Тест верзиите од 21H1 од оваа недела им стануваат достапни на Windows Insider корисниците, но со оглед на тоа што не донесе нешто посебно, обичните корисници би немале што да сакаат порано да пробаат.

Windows 10 21H1 ќе биде надградба која кога ќе донесе подобрувања во три области. Тие вклучуваат поддршка за надворешни камери за Windows Hello кај уредите кои веќе имаат вградена таква камера, подобрување на перформансите кај Windows Defender Application Guard, како и подобрување на перформансите кај Windows Management Instrumentation Group Policy Service за поддршка на работењето од дома.

Ова може да се каже дека ги потврдува гласините дека Microsoft оваа година го менува редоследот на помалата и поголемата надградба, нешто што од компанијата го практикуваат изминатите неколку години, наместо две поголеми надградби. Втората надградба за оваа година се очекува да биде доста поголема, односно најголема после повеќе години.

До крајот на годината, Windows 10 21H2 се очекува да донесе измени во корисничкиот интерфејс на оперативниот систем, измени кај Старт менито и таскбарот, новини кај апликациите од Microsoft, како и нови функции.

Ќе биде интересно да се види дали таа надградба навистина ќе донесе доволно новини, а посебно во корисничкиот интерфејс за кој, меѓу другото, има доста критики за бавно и неунифицирано воведување на Fluent дизајнот.

Windows 10 21H1 надградбата ја најави потпретседателот во Microsoft за Program Management, Windows Servicing and Delivery, Џон Кејбл.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Windows Central
Претходна статијаНеодолива A1 понуда за припејд сегментот во мобилната телефонија
Следна статијаFlex mode режим на работа или како да го извлечете максимумот од вашиот Galaxy Z Fold2 паметен телефон
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.