Windows Latest

Оваа година се очекува да биде годината кога Windows 10 конечно ќе добие повеќе новини поврзани со корисничкиот интерфејс, како и нови функции, после повеќе години. Може да се каже дека доколку работите испаднат како што се најавува, ова ќе биде најголемата надградба по претставувањето на оперативниот систем.

Повеќето очекувања кои ги имаме се од неофицијални најави, но исто така има и по некои кои доаѓаат индиректно од Microsoft, а тука е и Windows 10X од кого се очекува дека ќе бидат „позајмени“ некои делови.

Windows Latest излегоа со ексклузивна најава за дел од промените кои се очекуваат, а тоа е Старт менито. Според нив, ова мени ќе добие заоблени агли, а исто така веќе нема да биде споено со долната лента и Старт копчето. Како што е случајот во Windows 10X, ова мени ќе „лебди“ над лентата, а истото се очекува и за новиот центар за известувања, кој треба да биде помал, односно да не ја зафаќа целата десна страна од екранот.

Од Windows Latest имаат ја имаат направено насловната слика од која се гледа како може да изгледаат промените, но реално истакнуваат дека крајниот резултат треба да изгледа доста подобро. Исто така, на сликата не се заоблени плочките, а се очекува дека тоа ќе биде случајот.

Дека вакво нешто може да се очекува се гледа и од новата функција која ќе стане дел од Windows 10, моментално е во тест фаза, а тоа е нов посебен дел за прикажување на вести и други информации. Овој нов дел ќе биде сместен во долната лента, односно на таскбарот.

ИЗВОРWindows Latest
ИЗВОР 2TechSpot
Претходна статијаРСБСП со потсетување: Неколку важни работи кои треба да ги проверете во вашиот автомобил во зима
Следна статијаiPhone 13 ќе дојде со „always on display“ и 120 херци стапка на освежување на екранот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.