Фото од EverythingApplePro преку MacRumors

Една работа која се најавуваше и очекуваше од ланските iPhone 12-ки беше стапката на освежување да биде како кај доста од Android конкурентите, односно 120Hz. Сепак тоа не се случи, па за доста корисниците тоа беше и одлучно дали да се префрлат на iPhone, а посебно доколку веќе користеле телефон со повисока стапка на освежување на екранот.

Стапка на освежување од 120Hz овозможува забележливо подобро корисничко искуство, а посебно при „скролање“ низ друштвените мрежи, слики, прилагодувања и слично.

Според најновите гласини од познатиот Марк Вајнбах, Apple конечно ќе се реши да им ја овозможи на своите корисници оваа карактеристика на екранот, па iPhone 13 наводно ќе дојде со стапка на освежување од 120Hz.

Покрај оваа информација поврзана со екранот, гласините кажуваат дека Apple ќе воведе и „always on display“, исто така популарна функција од Android конкурентите.

Always on display функцијата е најчесто достапна кај уредите со OLED екран, поради тоа што кај овие екрани пикселите независно се вклучуваат и овозможуваат заштеда на батеријата. Со тоа се овозможува прикажување на кратки информации на екранот, како што е часот, датата, известувањата, без притоа батеријата да трае пократко, барем не нешто што би направило голема разлика.

Според гласините, Apple планира да воведе функција кај камерите за астрофотографирање, односно сликање на небото. Со оглед дека светлото од ѕвездите е премногу слабо за да биде фатено од камерите на телефоните, ова е нешто што мора да се прави во посебен режим.

Apple често се критикувани дека воведуваат функции со години достапни кај Android телефоните, но кога тоа ќе го направат имаат една предност. Функцијата не е на почеток од развојот како што е често случајот кај Android, па корисниците многу често добиваат решение кое е доста подобро од тоа кај конкурентите.

iPhone 13 се очекува да биде претставен на време оваа година, односно во септември, наместо како минатата година во октомври поради корона кризата.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаWindows 10 ќе добие повеќе заоблени делови во корисничкиот интерфејс и Старт мени издвоено од долната лента
Следна статијаНеотел со нова промоција за следење на сите спортски настани
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.