За оваа година се најавува дека Windows 10 конечно ќе добие поголемо освежување на корисничкиот интерфејс, а изгледа сега ги гледаме и првите новини кои ќе бидат дел од оваа промена.

Иако се очекуваат поголеми промени во изгледот, се очекуваат и новини кои ќе донесат нови функции, а неколку пати се споменува дека дел од овие промени ќе биде и таскбарот, односно главната лента која е поставена на долниот дел.

Во Dev верзијата од Windows 10, која е дел од Windows Insider програмата, на таскбарот е додаден нов дел кој ќе покажува вести и други информации. Самото копче, кое може да се избере во кој форма да биде, ќе ја прикажува временската прогноза, а кога ќе се притисне се појавува посебен дел во кој ќе бидат прикажани најновите вести од интересите на корисникот.

Како што би се очекувало, оваа функција е поврзана со MSN сервисот од Microsoft кој веќе ги прикажува овие информации, а од Microsoft истакнуваат дека ќе биде потребно да е инсталиран Microsoft Edge.

До официјалното пуштање се надеваме дека овој дел ќе добие уште по некоја информација, како на пример закажаните настани во календарот и слично.

Нема информации кога овој „news and interests“ дел ќе им стане достапен на сите корисници, па не е чудо да треба да се почека до есен за кога е и најавена поголема надградба на Windows 10 после повеќе години.

ИЗВОРMicrosoft
Претходна статијаРен Женгфеи: Хуавеј мора да ги намали деловните активности и да се фокусира на стратешките области
Следна статијаWizz Air е повторно помеѓу 10-те најбезбедни нискобуџетни авиокомпании во светот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.