Скопје, 5 Јануари 2021: Wizz Air, најбрзо растечката и најзелената авиокомпанија во Европа, со гордост објави дека доби највисок ранг на безбедност и дека повторно е помеѓу 10-те најбезбедни нискобуџетни авиокомпании во светот.

При правењето на својата проценка, AirlineRatings.com зема во предвид голем опсег на фактори кои вклучуваат: ревизии од управните и индустриските тела на авијацијата; владини ревизии; рекорд на несреќа и сериозни инциденти на авиокомпанијата; профитабилност, водечки иницијативи за безбедност во индустријата и старост на возниот парк.

Највисок рејтинг за безбедност, со 7 ѕвезди од страна на AirlineRatings.com, две години по ред е јасен доказ за високата безбедносна култура на Wizz Air, која ја поткрепува строгата стратегија на авиокомпанијата, сметајќи ја безбедноста како нејзин врвен приоритет.

Wizz Air управува со една од најмладите флоти во светот – во моментов се состои од 137 авиони Airbus А320, А321 и Airbus А320нео и А321нео со просечна возраст oд над 5 години. Авиокомпанијата има повеќе од 250 од најефикасни авиони со еден коридор во светот, семејството Airbus А320нео по нарачка.

Oваа награда доаѓа со новата ера на санитарни патувања, каде Wizz Air ја имаше водечката улога при рестартирање на индустријата велејќи му “да на патувањето” и спроведувајќи строги здравствени и хигиенски мерки за заштита на патниците и екипажот. Додека ХЕПА филтрите на сите авиони на Wizz Air веќе филтрираат 99,97% од вирусите и бактериите од воздухот, новите протоколи на Wizz Air поддржуваат упатства за физичко дистанцирање, обезбедуваат ултра-чиста околина на летот и ја намалуваат секоја несуштинска човечка интеракција и физички контакт, така што патниците на WIZZ можат да се чувствуваат сигурни дека безбедно патуваат до нивната дестинација.

Diederik Pen, извршен потпретседател и главен оперативен директор на Wizz Air, изјави: „Горди сме што повторно сме наградени со највисок можен рејтинг за безбедност. Дополнителните безбедносни мерки што Wizz Air ги воведе оваа година продолжија да гарантираат највисоко ниво на безбедност на нашите млади и врвни технолошки авиони. Со нашите засилени заштитни хигиенски мерки за време на летот, ние им овозможуваме на патниците да летаат со најзелената флота во Европа, додека уживаат во одличната услуга на WIZZ. Јас сум многу горд на нашите професионални и посветени колеги што го постигнаа овој примерен резултат дури и за време на една ваква предизвикувачка година “.

Претходна статијаWindows 10 ќе прикажува вести и други информации директно од таскбар лентата
Следна статијаПрва Zoom претстава во Европа организирана од Mozzart со легендите од југословенската кинематографија