Повеќе пати минатата година можевме да прочитаме за тоа дека Microsoft планира да му посвети на Windows 10 поголемо внимание и да направи поголеми промени на корисничкиот интерфејс кои останаа недовршени по претставувањето на Fluent Design.

Првиот случај кој кај фановите на Windows даде надеж за придвижување на работите беше поставувањето на одличниот Панос Панај за одговорен и на развојот на Windows.

Посериозни најави дека нешто се случува во Microsoft кога е во прашање Windows 10 дојдоа во неофицијална форма преку Windows Central. Овој портал најави дека во компанијата се работи на посериозно освежување на корисничкиот интерфејс на оперативниот систем, кое може да се очекува со поголемата надградба која оваа година треба да ја очекуваме во есен.

Промена и подобрување се очекува кај Старт менито, File Explorer-от, како и другите апликации од компанијата. Информациите сега за сега се малку, па се надеваме дека во месеците што следат ќе почнат да излегуваат повеќе.

Како доказ дека од компанијата работат на нешто во овој правец доаѓа од оглас за работно место во кое се споменува „убедливо визуелно подмладување на Windows“, како и најавата за враќање на Windows.

„Во овој тим, ти ќе работиш на нашата клучна платформа, Surface и со ОЕМ партнерите за оркестрирање и донесување на убедливо визуелно подмладување на Windows искуството кое ќе им означи на нашите корисници дека Windows СЕ ВРАТИ и да осигура дека Windows се смета за најдоброто корисничко искуство на оперативен систем за корисниците“.

Овој оглас подоцна е изменет да ги тргне некои од овие изјави кои ги зголемуваат очекувањата на фановите. Тоа сепак не значи дека од компанијата не спремаат нешто добро за Windows 10 оваа година, па сега за сега не се уште спремни да објават нешто повеќе за тоа.

Средувањето на Windows 10 веќе може да се каже дека доста доцни, а не би не изненадило да Microsoft ги одложи промените и за идната година, но се надеваме дека до тоа нема да дојде.   

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаGalaxy Buds Pro се новите безжични слушалки кои Samsung ќе ги претстави со Galaxy S21
Следна статијаПаричето.мк – платформа за виртуелно вртење пита со паричка
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.