Shutterstock.com

Префрлувањето на развојот на Windows под капата на Панос Панај под кого е развојот на Surface уредите, донесе голема доза на надеж кај корисниците дека Windows 10 конечно ќе го добие потребното внимание и ќе видиме поголеми промени и новини.

Windows 10 одамна нема добиено некоја поголема промена кога е во прашање неговиот дизајн, а тоа посебно е „проблем“ доколку се направи споредба со macOS и одличните и конзистентни елементи на корисничкиот интерфејс. Во случајот на Windows 10, некои делови изгледаат прилично добро, но се гледа дека има уште работа, а некои се оставени да изгледаат како што изгледаа на Windows 7, па и постари верзии.

Според информации од изворите кои ги имаат познатата Мери Џо Фоли од ZDNet, како и Зек Боуден од Windows Central, идната година изгледа ќе може да очекуваме поголеми промени кај Windows 10.

Зек Боуден најавува, а дел од информациите ги потврдува и Мери Џо Фоли, дека Microsoft веќе работи на промени на корисничкиот интерфејс кои ќе го воведат многу повеќе Fluent дизајнот, но и ќе воведат и нови делови, како и нови функции.

Тоа што се очекува да добие промени е Старт менито, кое со October 2020 надградбата доби мало освежување, Control центарот, како и File Explorer кој одамна се чека да добие нешто ново. Исто така се најавуваат и промени кај taskbar-от, кој треба да има нов код и нови можности.

Овие промени се најавуваат за идната година, поточно во втората половина, што значи дека има уште цела година, па може да очекуваме многу повеќе информации како што поминува време.

Тоа што како информација го дава Мери Џо Фоли, но истакнува дека никако да и биде официјално потврдено, е дека Windows 10 идната година ќе добие само една надградба, а таа ќе биде во втората половина од годината.

Идната пролет ќе биде резервирана за пуштањето на Windows 10X, полесната верзија од Windows 10 која првично беше замислена за уредите со два екрани, а сепак ќе се користи и за хибридните уреди.

Може да се каже дека кога се во прашање перформансите, Microsoft заврши добра работа со Windows 10, па дефинитивно е време да се поработи малку и на корисничкиот интерфејс кој сепак е застарен и долго време не променет.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаПисмена реакција од Макпетрол на вчерашното соопштение на РКЕ
Следна статијаGoogle тестира дел за споредба на апликации во Play Store
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.