Почнувајќи од вчерашниот ден, 20 октомври, Microsoft ја пушти финалната, односно официјалната надградба за Windows 10 за оваа есен. Наречена Windows 10 October 2020, како и минатата есен, така и оваа е помала надградба која и многу побрзо поради тоа се инсталира, како стандардните надградби кои се пуштаат секој месец.

Брзата инсталација важи за корисниците кои се веќе на претходната верзија, односно на Windows 10 May 2020 верзија 2004, а за останатите од 1903 верзијата, па наваму, надградбата ќе биде сепак поголема.

Тоа што оваа надградба е помала, не значи дека не донесува ништо ново, односно не е новина само подобрувањето на перформансите.

Главната новина кај Windows 10 20H2 е изменетото Старт мени кое сега ја следи бојата на избраната тема на Windows 10, односно плочките не се со посебна боја и се повеќе проѕирни. Со ова менито добива многу подобар изглед и веќе не одбива од негово користење, покрај за исклучување на компјутерот.

Втората поголема новина е поврзана со новиот Microsoft Edge кој сега е направен на основа на истиот отворен код на кој е направен Google Chrome, односно Chromium. Ова е првата верзија со која новиот Edge ќе дојде автоматски инсталиран, што значи дека веќе нема избор за корисниците дали сакаат да го инсталираат.

Новина во Windows 10 е што со „alt + tab“ сега може да се користи за промена на посебните „табови“ во Microsoft Edge, исто како да се посебни прозори, но ова секако може да се исклучи и за нас не претставува некаква предност, но можеби ќе им користи на корисниците кои имаат отворено многу повеќе табови во исто време.

Settings „апликацијата“ добива уште еден дел на понови прилагодувања кои Microsoft постепено ги префрла од стариот Control Panel, а тука се и подобрувањата во работата со уреди со екран на допир. Settings исто така добива и посебен дел на горната страна каде стои сликата од корисникот, како и статусот на OneDrive и Windows Update.

Достапност и можност за инсталација на Windows 10 October 2020

Поради потенцијалните проблеми, Microsoft веќе одамна новите верзии не ги „наметнува“ од првиот ден на нивната достапност. Додека Windows 10 реши да автоматски се надгради на оваа верзија, ќе поминат повеќе месеци, а сега надградбата е достапна само за тие кои би сакале самите да го започнат процесот на инсталација.

Преку користење на машинско учење, Microsoft ја пушта можноста за инсталација на уредите кои се сметаат за компатибилни и со хардвер кој не би требало да направи некаков проблем. Доколку вашиот уред е во таа категорија, веќе би требало да ви е достапно посебното копче „Download and Install“ како посебна опција од проверката за нови надградби. Доколку тоа не е случајот, треба да проверите за нови надградби, а доколку повторно не ви биде понудена новата верзија, тоа значи дека сепак ќе треба да почекате некоја недела.

ИЗВОРMicrosoft
ИЗВОР 2Windows Central
Претходна статијаNetflix StreamFest ќе им овозможи на тие што немаат претплата слободно да ја гледаат содржината 48 часа
Следна статијаХуавеи: Одлуката на Шведска за 5Г опремата е без основа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.