Големата конкуренција која сега ја има Netflix, прави да станат повеќе „креативни“ во начинот на којшто го промовираат својот сервис на нови корисници. Од сервисот веќе нудат содржина која може бесплатно да се гледа, а во неа има наслови како Stranger Things (иако е само првата епизода), Murder Mystery, Bird Box, The Two Popes и слични.
Во кодот на Android апликацијата забележан бил, а подоцна и потврден од страна на Netflix, нов план за привлекување на нови корисници. Овој план е наречен „StreamFest“ и ќе им овозможи на корисниците кои не се претплатени да можат бесплатно да пристапат до сервисот и да ја гледаат содржината во траење од 48 часа.
Нема ништо подобро за привлекување на нови корисниците од можноста да го користат сервисот 2 дена, по што сигурно одреден процент ќе решат дека вреди да платат.
Според информациите, StreamFest прво ќе биде пуштен во Индија, по што се планира во месеците што следат да им се овозможи и на другите корисници. Во Индија треба да почне во декември, што значи дека останатите може да очекуваат вакво нешто дури идната година.
Исто така, бројот на корисници изгледа ќе биде ограничен, односно нема во исто време да можат да гледаат неограничен број на корисници кои сигурно ќе ги има во милионски бројки, па корисниците може да очекуваат информација дека StreamFest е на својот лимит.