Microsoft

По стандардниот период од околу месец дена во Release Preview кругот од Insider Preview програмата, наменет за тие кои сакаат да ги пробаат верзиите од Windows 10 порано, но да не добиваат недовршени тест верзии, сега May 2020 Update е официјално достапна за сите корисници.

Со May 2020 Update официјалната верзија на Windows 10 станува 2004, а корисниците имаат избор да ја инсталираат веднаш или тоа да го одложат до истекот на поддршката за нивната верзија, согласно променетиот начин на надградби од минатата година. Тоа значи дека при проверка за нови верзии, May 2020 Update ќе се прикаже како посебна надградба која доколку не се инсталира веднаш, нема да го наруши системот за ажурирање, односно инсталација на другите месечни надградби на системот.

Доколку сакате веднаш да ја инсталирате May 2020 Update, се што треба е да притиснете на Download and Install изборот, по што ќе почне да се симнува и инсталира. Исто така ново од минатата година е тоа што надградбата во најголем дел ќе се инсталира пред да треба да се рестартира компјутерот, што значи можете да продолжите со работа во наредните половина до еден час, па потоа рестартирањето ќе трае доста пократко од порано.

Иако кај многу помал процент од корисниците од тоа што се претставува, сепак секоја надградба на Windows 10 носи одреден ризик дека нешто нема да функционира како што треба, па тоа е случајот и со оваа. Затоа голем број корисници се одлучуваат да го одложат инсталирањето додека не излезат доволно информации.

Иако новините не се нешто драстични, па и многу на број, сепак за разлика од ланската надградба во ноември, како и таа која се најавува за оваа година во тој период, May 2020 Update донесува одредена бројка на новини.

Официјалната листа на новини за Windows 10 May 2020 Update, односно Windows 10 2004 е следната:

  • Побрзо и полесно поврзување на Bluetooth уреди директно од известувањата
  • Најавување на компјутерот без лозинка за подобра безбедност
  • Поголем избор на „kamoji“ икони преку Windows тастатурата
  • Можност за именување на виртуелните десктоп површини со нивно зачувување по рестартирање на компјутерот
  • Подобрување на графиката кај игрите преку нови DirectX 12 Ultimate функции
  • Можност за Calculator апликацијата да се постави врз сите апликации за полесно користење
  • Подобрување кај Notepad
  • Можност за правење на телефонски повици преку Your Phone апликацијата со поврзување на вашиот Android телефон
  • Издвојување на Cortana како посебна апликација со редизајниран изглед и функции, како и променета намена која е насочена кон работа

Официјалната листа со нивини во Windows 10 May 2020 Update можете да ја погледнете на оваа страна од Microsoft.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаНајновата верзија од Skype донесува неколку новини за групни видео повици
Следна статијаBrave Together е нов сервис за групни видео повици преку Brave прелистувачот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.