Windows 10X е полесна верзија од Windows 10 која Microsoft ја развива и која изгледа ќе им конкурира на евтините Chromebook лаптопи, односно тие кои работат на Chrome OS од Google.

Вакви уреди се карактеризираат со многу мала побарувачка од ресурси, а повеќето апликации со кои функционираат се веб апликации.

Ова е и карактеристика на Windows 10X, кој овозможува инсталација на апликации само од Microsoft Store, како и PWA, односно веб апликациите кои може да се зачуваат преку Microsoft Edge прелистувачот. Ова е одлична можност достапна и на обичната верзија од Windows 10, а Microsoft Edge овозможува инсталација како апликација на секоја веб страна, без разлика дали таа е PWA.

„Протечена“ верзија, како што ги нарекуваат, од Windows 10X ни го дава досега најдобриот поглед на оперативниот систем, како ќе изгледа и како ќе функционира. Се верува дека ова е една од полесните верзии пред официјалното претставување, кое може да се случи во секој момент.

Од видеото кое го имаат направено од Windows Central, може да се види дека Windows 10X ги има поедноставено некои од елементите на Windows, а исто така може да се искористи и како показател што може да се очекува оваа година од Windows 10.

Како главен показател што може да видиме и во Windows 10 е новиот центар за известувања, преку кого во Windows 10X се прави и исклучувањето на уредот.

Таскбар-от е доста поедноставен, а Старт копчето е преместено на средината, како и иконите. Старт менито веќе го видовме на повеќе официјални слики, така да тука нема ништо посебно ново, но сега може да се види поточно како функционира.

Од видеото се гледа и дека Windows 10X има делумно изменети анимации, а тука се и некои нови апликации како Files Explorer кој во главно работи со датотеките од OneDrive.

Интересно, во оваа верзија барем, не може да се прави промена на големината на апликациите, односно тие може да се користат само во „максимизирана“ форма, а тука е и можноста да се постават две апликации една до друга.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Windows Central
Претходна статијаЏек Дорси, ко-основачот на Twitter, излезе со изјава за суспендирањето на сметката на Доналд Трамп
Следна статијаЗапознајте ги Galaxy Buds Pro: Епски звук во секое време
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.