Минатата недела Twitter донесе одлука која може да се каже дека никого не го изненади, посебно ако се земат последните година дена како мерка. Од мрежата ја суспендираа сметката на Доналд Трамп на неопределено време, кратејќи ја комуникацијата на претседателот со неговите скоро 90 милиони следбеници.

Причината за оваа одлука е позната. Трамп се смета како одговорен за поттикнување на случувањата во Конгресот на САД, за време на потврдувањето на гласовите од изборниот колеџ кој го прогласи Бајден за победник на ланските претседателски избори во земјата.

Коментарите кои ги објавуваше Трамп по случувањата се сметаа како не доволно смирувачки и како потенцијално опасни за повторни насилства, па суспендирањето на сметката е нешто што не застана со Twitter.

Ко-основачот и директор на Twitter, Џек Дорси, излезе со изјава и став за овие случувања. Тој во повеќе твитови објаснува дека не слави и не се чувствува горд за тоа што морал да го банира Доналд Трамп, но верува дека тоа е исправна одлука од Twitter.

Тој смета дека тоа што дошло до оваа ситуација е неуспех од нивна страна да промовираат „здрава“ дискусија на нивната мрежа и потсети за иницијативата која ја имаат почнато за отворена и децентрализирана друштвена мрежа.

Целата изјава на Џек Дорси можете да ја прочитате во продолжение.  

ИЗВОРEngadget
Претходна статија„My football kit“ е фудбалска топка која се составува од делови и не треба да се надувува
Следна статијаНеофицијално пуштена верзија од Windows 10X која ни дава прв поглед каков ќе биде овој нов оперативен систем од Microsoft
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.