Shutterstock.com

Јасно е веќе одамна дека иако Twitter не е мала друштвена мрежа, според број на корисници, а посебно според влијанието кое го има, дека сепак нема да може да посериозно од тоа се натпреварува со Facebook.

Тоа посебно е случајот од кога Facebook ги купи Instagram, па заедно со нивната мрежа сега имаат недостижен пазарен удел и број на корисници, на кои им се прикажуваат реклами од илјадници огласувачи.

Затоа можеби и воопшто не изненадува што основачот на Twitter Џек Дорси, иако ова не е прва ваква идеја, планира да развие отворена платформа за друштвени мрежи. Тој преку „твит“ истакна дека неговата компанија ќе финансира мал и независен тим од open source програмери, инженери и дизајнери кои ќе треба да развијат отворен и децентрализиран стандард за друштвени мрежи.

Развојот на еден ваков стандард сепак се истакнува дека би траел повеќе години, а на крајот замислата е и Twitter да биде само корисник на овој стандард којшто секој ќе може да го користи.

Идејата зад ова е да се развие систем на друштвени мрежи кои ќе бидат контролирани од повеќе места, преку креирање на еден вид на посебни заедници од повеќе друштвени мрежи. На тој начин товарот за избор која содржина треба, а која не треба да биде дозволена нема да биде само на мала група на луѓе, нешто што според Дорси не е долгорочно одржливо.

Отворената платформа за друштвените мрежи се споредува со имејл стандардот SMTP. Постои еден стандард којшто се користи од сите имејл провајдери кои имаат свој сервис, со посебен дизајн, функции и други можности, но сето тоа на еден стандардизиран протокол.

ИЗВОРPCMag
Претходна статијаМлади иноватори креираа дигитални решенија за инклузија на деца и млади со попреченост
Следна статијаСветот во 2030 според Дојче Банк
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.