Иако Microsoft уште официјално на говори за што може да се очекува од Windows 10 оваа година, сепак се верува дека тоа сигурно ќе биде нешто поголемо. Дури и познатиот Панос Панај ја спомена наредната генерација од Windows, но рече дека уште не е време да се каже нешто повеќе.

Неофицијалните информации говорат за „Sun Valley“, кодното име за надградбата на Windows 10 која е планирана за оваа есен. Таа треба да донесе одамна задоцнети новини кај овој оперативен систем, како и поголемо воведување и унифицирање на корисничкиот интерфејс со Fluent дизајн системот.

Дел од работите кои ќе станат дел од Windows 10 веќе ги гледаме преку Insider програмата, а се верува дека додатокот на таскбарот наречен „news and interests“ ќе биде дел од новиот Windows 10. Оваа функција беше пуштена за дел од корисниците на Insider програмата во јануари, а сега истата добива и подобрување на дизајнот.

Главната промена е тргање на сивата лента која стои врз сликата од новоста, слична на плочките во старт менито, со проѕирен дел преку кој може да се види целата слика. Иако се работи за мала промена, разликата не е мала, а и покажува што може да се види како промена и во другите делови од Windows 10 во иднина.

Покрај ова, Microsoft прикажа и исто така редизајнирана страна со новости која се отвора од овој нов дел. Оваа страна ги има истите промени, а прикажува и дел од статијата, нешто што според Microsoft е потребно за да корисникот се одлучи дали сака воопшто да ја отвори статијата.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Microsoft
Претходна статијаA1 Македонија има најбрза мобилна мрежа на територијата на целата држава
Следна статијаCarbon 1 MK II е телефон од германски производител целосно направен од јаглеродни влакна
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.