Германската компанија Carbon Mobile го претстави првиот телефон кој е целосно направен од јаглеродни влакна, односно со куќиште во кое е вградена целосната структура на внатрешните компоненти.

Carbon 1 MK II е телефонот кој го претставија од Carbon Mobile, кој е еден од полесните и потенки телефони на пазарот. Тоа е возможно поради користењето на јаглеродни влакна, кои се многу издржливи, а доста лесни, со што се добива навистина одличен уред за кој нема да мора многу да се мисли дали може да се оштети.

На ова треба да се додаде и најновата верзија од Gorilla Glass, Victus, кој исто така е имплементиран во една од потенките изведби од само 0,4 милиметри.

Предизвикот кој го има надминато Carbon Mobile е можноста да поминуваат непречено мобилните сигнали, нешто што од компанијата го развиваат изминатите 4 години. Технологијата е наречена HyRECM – Hybrid Radio Enabled Composite Material.

Остатокот од телефонот може да се каже дека не е баш соодветен кога ќе се земе во предвид цената од 800 евра. Сепак, оваа цена во главно се плаќа за изработката од јаглеродни влакна, нешто што во ваква форма е прво на пазарот.

Carbon 1 MK II доаѓа со 6 инчен AMOLED екран со резолуција од 2.160 на 1.080 пиксели. Работи на Helio P90 чипсетот кој е изработен во 12nm технологија, а има и 8GB RAM и 256GB простор за податоците. На задната страна се поставени две исти камери со по 16 мегапиксели, додека предната камера има 20 мегапиксели. Батеријата е со капацитет од 3.000 mAh.

Телефонот работи на Android 10, не на најновата верзија сепак, а истата се најавува дека ќе биде пуштена оваа година.

Во продолжение можете да го погледнете настанот на кој беше претставен овој уред.

ИЗВОРGSMArena
Претходна статијаMicrosoft го подобри дизајнот на News and Interests делот во тест верзиите од Windows 10
Следна статијаHuawei комерцијално го лансираше RuralStar Pro решението
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.