Веќе неколку месеци читаме за тоа дека Windows 10 оваа година го чека поголема надградба, нешто што со години не е случајот. Ова за фановите на оперативниот систем секако е добра вест после неколку години на добивање на во главно мали новини, а скоро целосно запоставување на корисничкиот интерфејс кој и не е унифициран поради започнатото воведување на Fluent дизајн, но не довршено.

Уште нема повеќе информации, а уште помалку официјални, за колку од ова е точно, а и што може да се очекува. Најавата од страна на Microsoft дека првата надградба на Windows 10 од двете годишни, ќе биде помала, оди во правец на најавите дека оваа година ќе биде променет редоследот поради поголемите промени кои ќе дојдат во есен.

Додека чекаме на повеќе официјални информации, познатиот Панос Панај даде неколку коментари кои се доволни да се претпостави дека нешто навистина се спрема, но ништо повеќе, со што повторно се остава простор само за шпекулации.

Тој за време на панел во рамките на Microsoft Ignite 2021, истакнува дека нема говорено за наредната генерација од Windows и што доаѓа следно, но би можел да каже дека е возбуден, односно го искористи неговиот познат термин „pumped“.

Исто така тој додава дека иднината на Windows е извонредна, но дека сепак сега сепак ќе разговараат за тоа што го има Windows 10.

Повеќето сакаат оваа мала изјава на Панај да ја сметаат како доказ за поголема промена кај Windows 10, но мора да се нагласи дека тој можеби разговара само за Windows 10X верзијата од Windows 10. Сепак, се верува дека дел од новините кај Windows 10X ќе дојдат и кај Windows 10, па може да се смета дека сепак од компанијата не планираат да развиваат две неповрзани верзии од Windows.

Веруваме дека од Microsoft ќе бидат повеќе спремни да дадат повеќе информации до летото, па до тогаш останува само да ги читаме неофицијалните информации.

ИЗВОРWindows Central
ИЗВОР 2Thurrott
Претходна статијаGoogle Chrome 89 донесува неколку новини и прекин на поддршката за постарите компјутери
Следна статијаЕкрани насекаде, екрани за сите – Samsung ги претстави новите аудиовизуелни уреди за 2021 година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.