Водечката ICT компанија Aitonix и Acronis, глобалниот лидер во сајбер-заштита ја објавија официјално својата соработка и потпишувањето на договор за дистрибуција во неколку земји од регионот – Република Северна Македонија, Албанија, Косово и Србија (за сите производи и услуги од портфолиото на Acronis) и Бугарија (за cloud услуги). Партнерството меѓу двете компании има за цел да го зајакне присуството на Acronis на ICT пазарите во овие земји и да ја зголеми свеста за брендот и пазарниот удел преку дилерската мрежа и успешниот систем на работа на Aitonix.

Како пионер во новата IT дисциплина за сајбер-заштита која ги интегрира сајбер-безбедноста и заштитата на податоците во едно за борба против современите закани, Acronis постојано истражува и инвестира во нови технологии и развива иновативни решенија кои им овозможуваат на партнерите да им обезбедат на клиентите најдобра заштита за податоци, апликации и системи. Решенијата за сајбер-заштита од Acronis се однесуваат на безбедноста, пристапноста, приватноста, автентичноста и безбедносните предизвици со кои се соочуваат денешните организации – без разлика дали се потпираат на физичка, виртуелна или cloud средина. Со својата уникатна интеграција, иновативна платформа и најнова генерација на технологии, решенијата на компанијата го подобруваат времето за опоравување од непогоди и ја зајакнуваат позицијата на компанијата во однос на сајбер-безбедноста, истовремено намалувајќи ја комплексноста, рационализирајќи го менаџментот и намалувајќи ги трошоците.

Со ова партнерство го прошируваме нашето портфолио со иновативни решенија за сајбер-заштита кои сега се поважни од било кога. Новонастанатите услови и работењето од дома ја зголемија размената на чувстствителни податоци преку Интернет, наметнувајќи потреба за сеопфатна сајбер-заштита. Нашата цел е да понудиме на пазарот иновативни технологии и комплетни решенија кои ќе осигураат целосна заштита од сајбер-напади.” изјави г-динот Јордан Димитровски, генерален извршен директор на Aitonix.

Иван Дудин, регионален директор за продажба, Балкан, Турција, ЗНД и Медитеранот во Acronis додаде: „Партнерите се основата на нашиот бизнис. Ние се трудиме да бидеме не само нивен снабдувач, туку вистински партнер инвестиран во нивниот успех. Нашата модерна програма обезбедува технологија и алатки за справување со заканите што постојано се развиваат и давање вистинска можност на парнерите да бидат поуспешни“.

За Aitonix

Aitonix е една од најголемите компании за IT дистрибуција и изработка на софтвер која оперира на македонскиот пазар и на пазарите во соседните Балкански држави. Благодарение на бизнис принципите и политиката за квалитет на услугите кои ги нуди, компанијата постана клучен фактор во IT секторот. Aitonix е официјален дистрибутер на некои од најпознатите светски IT брендови како Acer, Dell, Lenovo, Lexmark, Motorola, Microsoft, Xerox итн. Освен дистрибуција на IT производи, компанијата има експертски оддел за развој на специјализирани софтверски решенија. Важен дел од услугите кои ги нуди е и постпродажното опслужување во сертифицираниот сервис на компанијата кој одговара на потребните меѓународни стандарди. 

Основана во 2000-та година со основна дејност продажба на компјутери и компјутерска опрема, денес Aitonix има повеќе од 40 вработени и e една од водечките ICT компании во Република Северна Македонија, фокусирана на тоа да ги препознае потребите на пазарот и да понуди функционални и целосни ICT решенија.

За Acronis

Acronis ги обединува заштитата на податоците и сајбер-безбедноста за да обезбеди интегрирана, автоматизирана сајбер-заштита што ги решава безбедноста, пристапноста, приватноста, автентичноста и безбедносните (SAPAS) предизвици на современиот дигитален свет. Со флексибилни модели за распоредување кои одговараат на барањата на давателите на услуги и IT професионалците, Acronis обезбедува супериорна компјутерска заштита за податоци, апликации и системи со иновативен антималвер од нова генерација, бекап, опоравување од непогоди и крајно заштитени решенија за управување. Со наградувани AI-базиран антималвер и блокчејн-базирани технологии за автентикација, Acronis ја штити секоја околина – од cloud ,до хибрид, па сè до физичка – по ниска и предвидлива цена.

Основана во Сингапур во 2003-та година и инкорпорирана во Швајцарија во 2008-ма година, Acronis сега има повеќе од 1.500 вработени на 33 локации во 18 земји. На нејзините решенија им веруваат повеќе од 5,5 милиони домашни корисници и 5.000 компании, вклучувајќи 100% од Fortune 1000 и врвни професионални спортски тимови. Производите на Acronis се достапни преку 50.000 партнери и даватели на услуги во над 150 земји на повеќе од 40 јазици.

Претходна статијаNews and Interests во Windows 10 ќе им биде достапен на корисниците од 21H1 верзијата на оперативниот
Следна статијаМеѓународната ИТ компанија Scalefocus ќе вработи повеќе од 300 инженери