Фото: Shutterstock.com

Windows 7, најпопуларната верзија од Windows, официјално и дојде крајот во 2020 година, поточно на 14 јануари 2020. Ова се случи 11 години од пуштањето на првата верзија, а корисниците како наследник го добија непопуларниот Windows 8.

Поради популарноста и големи број на корисници кои не се одлучија да ги надградат своите компјутери, Microsoft им овозможи на компаниите и државните институции да продолжат да добиваат поддршка за Windows 7, а за ова секако посебно се доплаќа.

Според тогашните најави, продолжената поддршка за Windows 7 требаше да трае три години, но според некои информации овој рок сепак ќе биде продолжен.

Треба да се нагласи дека продолжената поддршка не им следува на обичните корисници, па лиценцата може да биде платена само од страна на компании и институции.

Продолжувањето на поддршката за уште три години не е нешто што изненадува, а во главно поради бројката на корисници кои уште го користат Windows 7. Според информациите, овој оперативен систем уште го користат повеќе од 10% од Windows корисниците, што е повеќе и од новиот и одличен Windows 11.

Microsoft уште ја нема потврдено оваа информација, но најверојатно тоа ќе го направат во периодот што следи.

ИЗВОРgHacks
Претходна статијаУтре се одлучува кога ќе започне судскиот процес помеѓу Twitter и Елон Маск
Следна статијаБарони (Barons) – јавнете на бранот на новата сурферска серија на Pickbox NOW
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.