Како што се знаеше подолго време, Microsoft ја заврши поддршката за стариот, но уште популарен, Windows 7. Корисниците и бизнисите имаа доволно време за да го почнат и завршат процесот на префрлување на Windows 10 или на друг оперативен, но статистиките покажуваат дека огромен број тоа уште го немаат направено.

Крајот на поддршката за Windows 7 значи дека овој оперативен систем веќе нема да добива безбедносни надградби и исправки на багови. Новите функции одамна не ги добива, а крајот на целосната поддршка значи и ризик за корисниците во време кога често излегуваат пропусти кои се искористуваат од хакерите.

Едни од огромниот број на корисници кои уште се на Windows 7 е и германската федерална влада. Тие го имаат почнато процесот на надградба на Windows 10, но поради големиот број на компјутери, околу 33.000 уште работат на Windows 7.

Со оглед на тоа што за владините служби е многу поголем ризикот да останат без поддршка, тие се решија да ја искористат понудата која Microsoft ја нуди за наредните три години, да може да се доплати за продолжена поддршка за Windows 7.

Продолжената поддршка се плаќа по уред, а станува поскапа секоја наредна година, а јасно е дека целта на Microsoft е да сепак сите се префрлат на Windows 10.

Според информациите, германската влада ќе плати скоро 1 милион долари, поточно 886.000 долари на Microsoft за да преостанатите компјутери кои работат на Windows 7 продолжат да добиваат безбедносни надградби и исправки, до нивната надградба на Windows 10.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.