Тим Ферис го води еден од најсимнуваните поткасти на планетата, Tim Ferriss Show. На поткастот тој разговара со различни профили на личности кои ги откриваат своите навики, што ги направило успешни, и делат низа друга мудрости секоја недела.

Некогаш ќе се падне некој не толку забавен гостин кој ќе зборува исклучиво за претприемништво (што секако ќе биде доста интересно за некои луѓе). Некогаш ќе се падне магионичар и шоумен. Така беше последниот пат кога ислушав една епизода во која гостин беше Пен Џилиет (од Пен енд Телер).

Пен е неверојатно интересен човек (се сеќавам кога ги гледав Пен енд Телер на ХРТ пред десетина години). Епизодата вреди да се ислуша цела, но еве ги клучните белешки за тие што немаат цел саат.

Пен води дневник

  • Уште од 30 годишна возраст тој секој ден пишува во својот дневник
  • Неговиот систем е следен:
    • Става датум и време
    • Ги впишува претходните 24 часа – случки, настани и сл.
    • Пишува кратко за книги и филмови што скоро ги читал/гледал
    • Пишува отприлика 500 – 1000 зборови
  • Секое утро, тој ги чита страниците од пред 20, 10 и 1 година во минатото.
  • Сето тоа отприлика му одзема 20 – 30 минути.
  • Пишувањето му овозможува да патува низ времето и да заборави во моментот на работите што му се случиле во текот на минатиот ден, т.е. за тие да не го оптоваруваат.

Бил бездомник на 18 години

  • Но не бил роден бездомник. Тој сам одлучил да тргне на пат низ САД инспириран од Боб Дилан. Имал некоја пара во џеб и често се слушал со неговите родители. Само немал место за живеење па се снаоѓал како што знае.
  • Тојвели дека светот е далеку побезбеден сега отколку порано, а и тогаш се чувствувал ептен безбедно.

Абстинира од дрога и алкохол

  • Пен вели дека е личност склона кон зависности, и дека не толерира умереност, ниту кај себе ниту кај други луѓе.
  • Поради тоа, одлучил да се држи настрана од алкохол и дрога „Мислев дека ако се напијам една голтка, ќе стигнам до хероин за една недела.“

Стопил скоро 50 кила

  • Најмногу тежел околу 150 кила.
  • Во пикот на неговата диета, топел скоро пола кила секој ден, четири месеци (јадел отприлика 600 калории дневно, што е екстремно ниска бројка).
  • Се туширал наизменично со жешка и грч ладна вода. Вели дека има доста истражувања според кои ова води до забрзано топење на маснотии.
  • Во текот на првите две недели, не јадел ништо освен компири. После две недели, додал и грав, чили, ориз и салати.
  • После четири месеци, почнал да јаде и овошје.

Вежбање

  • Не вежбал НИШТО.
    • Треба да се нагласи дека иако не одел во теретана, секоја вечер настапувал на сцена при што одел неколку десетици илјади чекори што е прилично добро кардио.
  • „Не можеш да ја надвежбаш својата уста.“
  • „Луѓето што вежбаат често се наградуваат со десет пати повеќе калории од тие што ги изгореле.“
Претходна статијаПрограмерите ќе можат да почнат да ги тестираат своите апликации за уредите од Microsoft со двоен екран
Следна статијаГерманската влада ќе плати скоро 1 милион долари за продолжена поддршка на Windows 7