Во октомври минатата година, Microsoft ги изненади повеќето на својот настан претставувајќи повеќе од само нови верзии од нивните постојни Surface уреди. Два нови и целосно различни уреди беа претставени, нивното име веќе на повеќето им е познато, Surface Neo и Surface Duo.

Слободно може да се каже дека вториот уред беше поголемото изненадување. Surface Duo е смартфон со двоен екран кој работи на Android. Со ова Micorosft повторно се враќа на пазарот на мобилни, но овој пат користејќи го Android, иако доволно изменет како што тоа и го прават повеќето големи производители кои го користат.

Surface Neo е уред исто така со двоен екран, но овој ќе работи на нова и прилагодена верзија од Windows 10 наречена Windows 10 X. Oваа верзија од Windows 10 не ги користи познатите плочки од оперативниот систем, а повеќето информации за што точно ќе има ќе дознаеме кога истата ќе стане достапна.

Овие два уреди се очекува да бидат официјално пуштени во продажба до крајот на годината, а Microsoft почна да ги пушта првите тест врезии од алатките за развој на софтвер, односно SDKs.

Првата алатка ќе биде достапна за Surface Duo уредот, но наскоро се најавува и достапно за Windwos 10 X, односно за Surface Neo уредот.

Достапноста на овие алатки ќе им овозможи на програмерите да ги прилагодат своите апликации, како и да развијат нови, согласно можностите кои ќе ги имаат уредите со два екрани.

Можностите се повеќе, а веруваме дека програмерите ќе се сетат и на дополнителни со што ќе се добијат доста практични и креативни апликации.

На својот настан Microsoft веќе даде неколку пример за тоа како би изгледале користењето на одредени апликации на уреди со двојни екрани. Работата со документи или читањето книги ќе биде слично како на обична книга, две страни ќе може да бидат прикажани, наместо една. Тука е можноста за проширување на апликациите за имејл и слично, а можностите се големи.

Покрај овие две алатки, интересно, Microsoft најави дека ќе претстави и нови стандарди за веб страните со цел подобро да ги искористат двојните екрани.

Ќе биде интересно да видиме дали овие уреди ќе го привлечат доволно вниманието на корисниците или сепак екраните на превиткување ќе успеат да бидат доволно подобрени претходно.

ИЗВОРWindows Central
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаТелефонот на Џеф Безос наводно хакиран од страна на Саудиска Арабија
Следна статијаМагионичарот кој симна 50 кила за 4 месеци
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.