На Surface настанот којшто Microsoft го одржа денес, покрај изненадувањето со Surface Dou смартфонот со двоен екран кој работи на Android, беше претставен уште еден уред со два екрани, Surface Neo.

Surface Neo има два екрани кои се споени еден со друг преку посебно развиена шарка, а Microsoft се компанија која има одлично искуство со нив. Поради посебниот начин на којшто би се работело на овој уред, Microsoft претстави и посебна верзија од Windows 10 за која веќе подолго време се шпекулира, а е наречена Windows 10 X.

Windows 10 X е посебно прилагоден да може да функционира со уредите со два екрани, а за разлика од Windows 10 има поедноставен кориснички интерфејс и ги нема „живите плочки“, па наместо нив се прикажува посебно мени со икони од апликациите, како и последните активности при работата.

Екраните се прилично тенки, со што останува тенок уредот и по неговото преклопување, а се со големина од 9 инчи, двата. Покрај тоа, Surface Neo доаѓа и со посебно пенкалце, како останатите Surface уреди, а тука е и посебно направена мала тастатура која преку магнет се прикачува на уредот во повеќе позиции.

Од презентацијата можеше да се види како Microsoft ја замислува работата со Surface Neo. Покрај користењето на две апликации во исто време една до друга или проширувањето на една, Surface Neo може да го промени едниот екран и да се користи како лаптоп.

Со тоа едниот екран може да прикаже разни контроли, смајлија, може да замени „тачпад“, а сето тоа интересно со додавање на малата тастатура врз него со што тој се прилагодува на нејзината позиција.

Исто како и Surface Duo, овој уред ќе биде достапен идната година, кога и ќе ги дознаеме повеќето негови карактеристики, како и цена.

https://youtu.be/fssZICsV4Rg
Претходна статијаMicrosoft ги изненади сите и најави враќање на пазарот на смартфони со Surface телефон кој работи на Android
Следна статијаSurface Pro 7 донесува USB Type-C и понова генерација на процесори
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.