Како што беше познато целата измината година, дојде денот кога еден од најпознатите оперативни системи официјално може да се каже дека го завршува своето постоење.

14-ти јануари е датата која е последна кога Windows 7 ќе добие било каква надградба, по што овој систем веќе нема да добива никакви надградби. Тоа значи дека, иако системот веќе одамна не добива нови функции, од денес веќе нема да добива ни надградби кои се поврзани со безбедноста и исправка на багови и слични проблеми.

Од Microsoft ќе им овозможи на компаниите да платат за продолжена поддршка, но тоа ќе биде ограничен период и со прилично висока цена, а посебно за обичните корисници, кои во земјите од нашиот регион и не ни користат официјална, односно легално лиценцирана верзија.

Препораките веќе одамна се да корисниците се префрлат на друг оперативен систем. Доколку сакаат да продолжат да го користат Windows, секако најдобриот избор е Windows 10, но тука секогаш е и големиот избор на Linux дистрибуции.

Со оглед на најавата на повеќе компании дека ќе продолжат да ги поддржуваат своите апликации за Windows 7 и по денешната дата, јасно е дека се очекува уште доста овој систем да има доволно голем број на корисници.

Google се едни од повеќе познатите кои најавија дека Chrome ќе продолжи да функционира и да добива нови надградби на Windows 7 барем уште година и пол.

ИЗВОРgHacks
Претходна статијаНај „не-Тарантино“ филм на Тарантино
Следна статијаПо Galaxy Bloom сега Galaxy Z Flip се најавува како името на наредниот телефон од Samsung со екран кој се превиткува
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.