Samsung

Најавите досега се дека на 11-ти февруари, кога ќе бидат претставени новите Galaxy S20-ки, Samsung ќе го претстави и својот втор уред со екран кој се превиткува. За разлика од Galaxy Fold, овој нов уред треба да се превиткува по хоризонталата и со тоа да се добие „флип“ телефон, како старите и познати телефони пред појавата на смартфоните.

Иако доста го нарекуваа овој уред Galaxy Fold 2, сепак сметаме дека ова име не би било логично да се користи за уред кој, иако има екран на превиткување, доаѓа со целосно различен концепт од Galaxy Fold. Поради тоа новиот уред нема логика да носи име кое асоцира дека е втората генерација од ланскиот модел, па очекуваме друго име.

Galaxy Bloom се споменуваше досега како кодно име кое се користи внатре во компанијата, а ова име минатата недела се најави и како официјалното име кое ќе се користи за уредот. Наводно, директорот на компанијата за време на затворени разговори во рамки на CES 2020 го споменувал ова име, па тоа почна да се најавува како официјалното име на уште неофицијалниот уред.

Сега, познатиот и најчесто во право, Ice universe, излезе со информација дека овој уред ќе се вика Galaxy Z Flip. Зборот „flip“ во името секако има логика, а зошто би се користела и серијата Z не сме сигурни.

Ова име делува далеку пологично и можно да се користи за новиот уред, а тоа ќе го дознаеме за нешто помалку од еден месец, ако се покажат гласините како точни и тој биде претставен заедно со Galaxy S20, односно Galaxy S11 уредите.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.