Сите слики кои досега можевме да ги видиме за наредната генерација од Galaxy S серијата на Samsung беа „рендери“ направени врз основа на информациите до кои имаат дојдено тие кои ги објавуваа.

На месец дена, односно нешто помалку, од настанот на којшто ќе бидат претставени новите уреди, XDA Developers објавија ексклузивни слики од извори кои како што би се очекувало остануваат анонимни.

Тоа што може да се види од сликите е тоа што досега се гледаше и на „рендерите“, но сепак има неколку работи кои дури сега се откриваат.

Првата работа е името на новата серија, име за кое веќе пишувавме дека може да биде на тоа што би се очекувало како наредно според бројките досега. На сликата се гледа стартувањето на Galaxy S20+ 5G, со што станува јасно дека сепак Samsung ќе се одлучи за ова име.

Исто така, од сликите се гледа предната камера која е поставена во доста мала дупка во средината на горниот дел од екранот. Рамките се уште помали, а изворите на XDA Developers истакнуваат дека заобленоста на екранот од страните е помала и тој е скоро рамен.

На задната страна се гледа новиот модел за четирите камери, а се гледа и нешто што од XDA Developers претпоставуваат дека е микрофон кој може да се користи при снимање на видео содржина.

ИЗВОРXDA Developers
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаЗа ремек-делото A Marriage Story
Следна статијаSamsung го претстави новиот Galaxy XCover Pro: Елегантен, издржлив и создаден за бизнис
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.