По најавата дека Samsung ќе го одржи својот Unpacked настан слично како минатата година, во втората половина од февруари, поточно на 18-ти, оваа година сепак тоа ќе го направи нешто порано.

Од компанијата официјално го закажаа Unpacked настанот, којшто и оваа година ќе се одржи во Сан Франциско, за 11 февруари, односно за 1 месец од сега.

По гласините дека името на овие уреди може да биде Galaxy S20, закажувањето на оваа дата изгледа укажува на тоа дека сепак тие ќе бидат наречени Galaxy S11, но и тоа не мора да биде сигурно.

Главните новини кои се очекуваат со овие уреди, покрај стандардното подобрување на перформансите со нов процесор, се повеќе камери на задната страна кои ќе бидат поставени во веќе популарниот модул во форма на правоаголник.

Исто така, од тоа што можеше да се види од неофицијалните слики/рендери од уредите е дополнително намалување на рамките на предната страна и поставување на предната камера во мала дупка во средината, како што беше направено кај Note10 уредите.

Една одлична работа која исто така се најавува е зголемување на капацитетот на батериите кај сите модели. Со оглед на тоа што уште не гледаме масовно производство на толку многу нови технологии за батерии, добредојдено е кога ќе се вгради поголема батерија за да може да се „истера“ барем денот.

Една исто така поголема работа која се најавува е вклучување на екран со стапка на освежување од 120 херци, нешто што ќе ја направи работата многу помазна, а секако многу ќе добијат и гејмерите на мобилните, како и тие кои гледаат одреден вид на содржина.

Претставувањето е наскоро, па ќе видиме што спрема Samsung како конкуренција на сите претставени уреди последните месеци.

ИЗВОРAndroid Central
Претходна статијаSamsung ги најави новите модели на телефони Galaxy A71 и Galaxy А51
Следна статија„И од Битола се може“ успешна приказна за 2019 година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.