Instagram изминатите години може слободно да се каже дека стана друштвената мрежа број 1 во светот. Иако Facebook го задржува својот број на активни корисници, мрежата замислена само за објава на слики и видеа, привлекува многу повеќе внимание.

Со тоа, можноста за испраќање на пораки преку Instagram, нешто што веќе одамна го има, е нешто што е незамисливо да не постои на една ваква мрежа. Корисниците иако во главно комуницираат преку другите апликации за разговори, во голем дел комуницираат и преку директните пораки на Instagram.

Од компанијата, поточно Facebook, веќе одамна најавуваат дека можноста за испраќање на пораки ќе биде овозможена и на веб верзијата од мрежата, но тоа никако да се случи. Сепак, за разлика од Facebook, Instagram е мрежа која почна директно на мобилните уреди, па корисниците на нив се навикнати да ја користат.

Од оваа недела директните пораки почнуваат да стануваат достапни и за веб верзијата на Instagram, што значи дека корисниците ќе можат да разговараат преку оваа мрежа и од нивните десктоп компјутери.

Разговорите ќе изгледаат и ќе функционираат исто како и на мобилните, односно корисниците ќе можат да испраќаат и примаат пораки, да креираат групи на разговори, да испраќаат слики од нивниот компјутер, да лајкуваат и слично.

Оваа нова можност моментално е пуштена како тест кај ограничен број на корисници, а од компанијата се надеваат на многу скоро ќе ја пуштат и за сите останати, а еве ја и објавата на главниот на Instagram во рамките на Facebook на неговиот Twitter профил.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.