Фото: Shutterstock.com

Понудата за купување на Twitter од страна на Елон Маск за 44 милијарди долари, која првично не беше сигурно дали ќе биде прифатена од одборот на компанијата, сега има проблем од другата страна, односно од Маск. Тој на почетокот од месецот одлучи да се откажe од купувањето на мрежата, а како главна причина се истакнува бројката на лажни и спам сметки која Маск верува дека е многу поголема од тоа што го дава како информација Twitter.

Има повеќе шпекулации околу тоа дали вистинската причина за откажување од договорот се спам сметките или сепак е нешто друго во прашање. Според некои, ова е и тактика за намалување на цената, која сепак Маск самиот ја понуди.

Во договорот помеѓу Twitter и Маск стои обврската дека при откажување од купување на компанијата од страна на Маск, тој им обврска да плати дури 1 милијарда долари, нешто што Twitter планира да го наплати, ако не може да го врати извршувањето на оригиналниот договор.

За утре е закажано првото сослушување на страните во суд во сојузната држава Тексас, кога ќе треба да се одлучи за тоа кога би започнало судењето. Судовите во Тексас се наводно познати по брзината на одлучување и закажување на рочиштата, поради што и во договорот стои дека проблемите ќе се решаваат во оваа држава.

Од Twitter сакаат процесот да започне што побрзо, поточно уште од половината на септември, а ова е нешто кое Маск ќе се обиде да го одложи. Според него, односно неговите адвокати, случај со ваква големина не може да се спреми така брзо, па тие бараат процесот да започне од февруари идната година.

Останува утре на аргументите на двете страни и одлуката на судијата за да се види во кој правец ќе одат работите.

ИЗВОРBloomberg
Претходна статијаMicrosoft се враќа на пуштање нова верзија од Windows на секои три години
Следна статијаMicrosoft може да ја продолжи поддршката за Windows 7 за уште три години
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.