Иако од Microsoft уште ја немаат потврдено оваа информација, сепак се верува дека од компанијата се враќаат на поранешниот начин на пуштање нови верзии од Windows. Тоа значи дека Windows ќе добива нова верзија на секои три години, па во 2024 изгледа може да го очекуваме Windows 12.

Ова не значи дека Microsoft го прифаќа целосно поранешниот начин на функционирање и не значи дека Windows 11 нема да добие нови функции наредните години.

Според информациите, Microsoft ќе почне да пушта нови функции уште почесто, неколку пати во годината, односно секогаш кога нешто ново е спремно. Овие помали надградби, кои и порано беа најавувани уште за Windows 10 и беа нарекувани „Experience packs“, сега наводно ќе бидат наречени „Moments“.

Првата надградба на Windows 11 која беше најавувана за оваа есен треба да биде пуштена најверојатно на 20 септември и е наречена Windows 11 2022 Update. Оваа верзија донесува неколку новини како измени кај Старт Менито, можност за повлекување на датотеки во отворените апликации на „таскбарот“, нов изглед на Task Manager, освежен изглед на File Explorer и слично.

Една новина која се очекуваше недостасува во најавите, а тоа се „табовите“ во File Explorer. Според информациите, нема да треба да се чека многу за оваа функција, а Microsoft ќе ја пушти својата прва Moments надградба веќе во октомври.

Оваа информација е објавена на Twitter и според неа наредната Moment надградба ќе биде идната година.

Претходна статијаСемос едукација слави 27 години успешни приказни на 120.000 слушатели
Следна статијаGoogle ќе ги претстави Pixel 7 телефоните на 6. октомври
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.